| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на ЦИА: Америка во Сирија уби стотина Руси, но тоа не е доволно јасна порака за Путин

Директорот на ЦИА Мајк Помпео изјави дека во источна Сирија, во почетокот на февруари, американската артилерија преку воздушни напади убила неколку стотина Руси.

Коментарите на Помпео, кој тој ги изнел за време на сведочењето пред комитетот на Сенатот на 12 април, а се дел од сослушувањето за номинација за следен државен секретар, беа ретко отворено признание на некое официјално американско лице за инцидентот.

На сослушувањето, Помпео, исто така изјавил дека ќе бара построг пристап кон Русија.

Иако, според неговото мислње, Америка била строга кон Москва, Помпео додал дека Владимир Путин уште не ја добил пораката.

– Мора да продолжиме да работиме на тоа – рече Помпео.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top