| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп во обраќањето до нацијата: Наредив напад, Русија не го исполни ветувањето

– Им наредив напад на оружените сили на САД да почнат прецизни напади на мети поврзени со арсеналот на хемиското оружје на сиријскиот диктатор Баша ел Асад – изјави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата синоќа по американско време.

Според Трамп, заедничиот одговор на САД, Британија и Франција ги вклучуваат сите инструменти на националната моќ.

– Воената акција ќе трае до моментот кога сирискиот режим ќе престане да користи хемиско оружје. Владимир Путин му вети на светот дека ќе ја гарантира елиминацијата на хемиското оружје од Сирија. Русија мора да одлучи дали ќе продолжи со тој мрачен пат или ќе им се придружи на цивилизациските нации. Се надевам дека еден ден ќе се согласиме со Русија, можеби дури и со Иран, а можеби и не – изјави Трамп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top