| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров и Коѕијас не пееја во Охрид

Премиерот Зоран Заев во емисијата 24 Анализа беше запрашан дали министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид запејале како што Ивица Дачиќ му отпеа на неговиот грчки колега при приемот во Белград,

„Колку што знам двајцата министри не запеаја во Охрид, Димитров не е по пеењето како Дачиќ, но средбата помина во многу позитивна атмосфера и владее поголем оптимизам отколку претходно. Јас во наредните денови ќе имам средба со Никола, ќе разговараме за сите новитети и за начинот на кој треба да ги придвижиме процесите со Грција понатаму“, на шега одговори Заев.

Фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top