| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Заев – Ципрас во мај: Кога ќе седнеме јас и Ципрас, значи завршиле преговорите

Седумнаесетти или осумнаесетти мај најверојатно ќе дојде до средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, соопшто вечерва премиерот Зоран Заев во интервју на 24 Вести.

-Ако даде господ и порано, а тоа ќе значи дека сме до толку доближени што дошло до премиерско ниво да се прави средба, разговор. Верувам дека мај месец е убав пролетен месец  за убаво, достоинствено решение кое ги зачувува нашите и вредности и идентитет.

Со други зборови, на средбата меѓу Заев и Ципрас во мај би се разговарало за последното, но, како што вели Заев, и „двајцата ќе треба бајаги да се испотиме за да кажеме дека има договор, затоа што кога ќе седнеме јас и Ципрас, тогаш ќе биде завршницата на преговорите“.

Македонија и Грција никогаш не биле поблиску до решение за спорот со името. Во игра е име со георгафска одредница, а не со временска. Разлики има во однос на промената на Уставот, што е поврзано со опсегот на употреба. Грчката страна има разбирање за нашиот идентитет, порача денеска премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 24 Вести.

– Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес. Грчката страна има разбирање за идентитетот и верувам дека ќе успееме, изјави Заев.

Ќе се обидеме, рече Заев, спорот да го решиме сами, како што го постигнавме договорот со Бугарија, затоа што тоа е добро и за развој на билатералните односи со Грција, но и затоа што со тоа се дава можност Македонија да чекори напред, да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, за подобар живот на граѓаните.

Тој повтори дека доколку се сретне со грчкиот колега Алексис Ципрас, веројатно тоа ќе значи дека е можно да се постигне компромисно решение кое ќе биде прифатено и од граѓаните во двете земји. Најави дека со него ќе се види на 17 и 18 мај на Самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Заев истакна дека промената на името на аеродромот и автопатот биле гест на добра волја, но оти тргањето на споменикот Воин на коњ не е врзано со преговорите.

Доколку не се дојде до решение, потенцира Заев, Македонија ќе продолжи со реформи бидејќи тие се битни за граѓаните. Но, тој напоменува дека стратешките цели на Македонија остануваат ЕУ и НАТО, нешто, со што, како што истакна се согласува и опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top