| четврток, 6 декември 2018 |

Од Вардара до Триглава – каде да се летува?

Топлото време со себе си ги носи плановите за летување. Доколку досега не сте имале можност да посетите некоја балканска плажа, тогаш вреди да го прочитате овој текст кој ќе ви го понудиме. Балканските плажи ни се најблиску и можеме да поминеме едно летување и со помалку пари. Почнувајќи од Црна Гора, Хрватска, па се до кај нас и Бугарија.

Доколку се решите да одите во Црна Гора, секако мора да ја посетите Будва и Кралевската плажа. Станува збор за совршена убавина опколена со планини.

Тука ќе имате можност да го откриете историскиот дел на Будва.

Хрватските острови се атрактивни за целиот свет. Сепак, мора да знаете дека Хрватска е поскапа од другите места на Балканот, но убавината тука нема цена. Третиот остров по големина Брач, се наоѓа во Далмација.

Мора да ја посетите Видовата Гора која е највисокиот врв на овој остров. Златниот Рат и Златниот Рог се едни од најубавите плажи во Европа.

Несебар се смета за најдоброто место на Црното Море, кое нуди голем број на знаменитости. Оваа дестинација нуди мирна атмосфера што ја прави совршена за вистински одмор.

Сани Бич е едно од најпознатите одмаралишта на оваа дестинација, каде што се одржуваат и одлични летни забави. Кога збориме за цените, тука навистина е евтино.

Охридското езеро и негоават ревиера се можеби еден од најдобрите примери за тоа како се ужива на Балканот. Додека сте во градот Охрид, вие ќе можете да уживате во неговиот амбиент и во Стариот град во кој може да дознаете многу за негоават историја.

Охрид ќе ви понуди едноставно лето со доста поволни цени. Една од најдобрите плажи во Охрид е плажата Љубаништа.

Извор: Фрајдеј.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top