| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна драма – причина за пукањето во Чаир

Полицијата ја потврди информацијата дека во Чаир, попладнево се случила вооружена престрелка, во која една девојка со иницијали А.Ѓ. е жртва. Девојката според полицијата е пренесена на скопските клиники и е надвор од животна опасност.

Од МВР додаваат дека веднаш по пријавувањето на настанот на лице место биле испратени неколку полициски екипи.

Полицијата работи на расветлување на случајот.


Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top