| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ за ниедни пари нема да му продаде земја на Субрата Рој

vladici

Владиката Тимотеј  е дециден дека МПЦ – ОА која што е сопственик на дел од земјиштето кај Љубаништа во Охрид нема да го продаде на индискиот милијардер Субрата Рој, „ни за милион евра“. Тој за „Дојче Веле“ вели:

Со нас никој не разговарал и не знаеме дали индискиот инвестирот е заинтересиран за црковниот имот, кој по околу седум децении државата ни го врати и пак може да ни го одземе. Во полето имаме околу 100 хектари земја која припаѓа на манастирот Свети Наум. Ако се прашувам јас – ни за по цена од еден милион евра не би продал ни еден метар квадратен. Тамошната убавина нема цена,“ ни рече митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј.

Во слична ситуација се и другите сопственици на земјиште. Според ДВ тие се плашат дека земјата ќе им биде одземена за мали пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top