Актерот и поранешниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер, изјави дека се чувствува добро после операцијата на срцето, но оти неговата здравствена состојба се уште не е на највисоко ниво.
-Само сакам да знаете дека се чувствувам многу подобро. Не можам да речам, дури ниту со мојот позитивен став, дека е одлично, бидејќи не се чувствувам така. Да се чувствувам одлично е потполно друго ниво, но добро. Се чувствувам добро“ – изјави Шварценегер во кратката видео снимка, која ја објави на својот налог на твитер.
Истовремено им се заблагодари на луѓето за пружената поддршка.
На снимката Шварценегер (70) седи пред шаховска табла, за која изјавува дека му помага да го освежи умот и меморијата, пренесува „АП“.
Поранешниот бодибилдер е опериран на 29 март, кога му е заменет срцев залисток, а истата операција ја имал и во 1997 година.
Шварценегер својата кариера ја започнал во филмот “Конан варвариот“ во 1982 година, а во 1984 година се нашол меѓу најголемите ѕвезди на Холивуд после филмот „Терминатор“.
Служеше и како гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година.
Од болницата во Лос Анџелес е пуштен на 6 април.
Thank you all for caring. We are moving forward! pic.twitter.com/kvauldg3Mq
— Arnold (@Schwarzenegger) April 12, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст