Кога немате многу пари за шопинг, а сакате да изгледате фантастично, обично се решавате за класика и едноставност. Тоа најчесто почнува и завршува со црната боја. Со класиката никогаш нема да згрешите, но тоа не е единствена опција.
Постојат неколку модни дезени кои асоцирраат на висока мода, изгледаат скапи и се пригодни за секоја прилика.
Линии, точки, ѕвезди, коцки или цветови – во зависност од настанот, стилот и расположението. Одберете само што најдобро ви прилега.
Комбинирајте ги дезените со необични кројки, играјте со должините и ширината, бидејќи сезонава во модата, нема правила!
Линии
Откако модата стана составен дел од животот, отогаш постојат и класичните линии. Некогаш се носеле само на црни пантолони, а денес се комбинираат со шарени здолништа, аксесори, фустани.
Цветни
Постојат дезени кои кои се префинети и софистицирани. Одбирајте дискретни, лелеави и романтични дезени. Одлучете се за нежни, пастелни бои.
Ѕвезди
За оние кои сакаат да бидат ексцентрични и кои умеат да носат најнови трендови на свој начин, овој дезен е одличен избор. Се комбинира со металик бои и откачени чевли.
Точки
Точките се омилен дезен уште од детството. Облеката на точки комбинирајте ја со потпетици за посериозен изглед.
Каро
Со каро секогаш може да изгледаште шик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст