| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа во Македонија: Прегазено осумгодишно детенце на пешачки

Околу 16 часот и 30 минути на пешачки премин на крстосницата од улицата „Благој Ѓорев“ со улицата „Борис Трајковски“ во Велес, патнички автомобил непозната марка удрил во осумгодишно дете од Велес, кое се движело по обележаниот пешачкиот премин.

Од ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница Велес каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top