| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром: Го удрил соседот со цигла и му кршел прозорци со секира бидејќи му рекол да ја намали музиката

Синоќа околу 23,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ од страна на Е.Д. и уште неколку лица физички бил нападнат И.Т. (48) и бил удрен со цигла во пределот на рамото, а откако побегнал во бараката каде што живеел, лицата со секири удирале во бараката и искршиле неколку прозори.

Во моментот на нападот присутна била и неговата невенчана сопруга. Причина за нападот, според пријавата, било тоа што И.Т. претходно го предупредил Е.Д. да ја намали музиката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top