Интервентната полиција во Париз ги растера студентите кои се обидоа да го заземат Универзитетот Сорбона, во рамките на протестот против реформите на образовниот систем. Универзитетот денеска објавил дека од безбедносни причини ќе биде затворен дел од објектот кој се наоѓа на левиот брег на Сена, после синоќешната операција на полицијата.
„АП“ наведува дека 200 студенти се евакуирани, а потоа неколку стотина се собрале пред универзитетот и упатувале бесни повици кон полицијата, но инцидентот е завршен на мирен начин.
Инаку, ова подрачје било епицентар на студентските протести пред 50 години, од мај 1968 година, кои се сметаат за клучен момент во поновата француска историја.
Студентите на кампусите ширум Франција протестираат против реформите затоа што стравуваат дека со тоа им го загрозуваат пристапот до јавните универзитети на сите матуранти во средните училишта. „АП“ наведува дека денес е најавен и штрајк на работниците во француската железница, исто така насочен против реформите на Макрон, поради што запрен е сообраќајот на две третини од возовите во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст