Во текот на денешното тргување нафтата го надмина нивото од 72,6 долари за барел што е највисока цена во последните три години.
Во вакви услови извесно е дека во понеделник не чека нов, прилично голем скок на малопродажните цени.
Во услови кога актуелната цена е за околу 5 долари по барел повисока од онаа врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика пред две недели ја формираше цената, од вторник на полноќ можеме да очекуваме значително повисоки цени, кои би можеле да одат и за над 3 денари по литар погоре.
Во моментов, ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 67,5 денари откако пред две недели поскапи за 2 денари по литар.
ЕУРОСУПЕР БС 98 сега чини 69 денари по литар откако минатата недела поскапи за 1,5 денари. Извесно е дека овој дериват од вторник ќе чини повеќе од 70 денари.
За 1,5 денари пред две недели поскапи и дизелот кој сега чини 59 денари за литар. И овој производ се очекува да оди над 60 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст