Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Р. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“.
На 07.04.2018 година, околу 10.00 часот на ул. „29“, во близина на паркинг просторот пред хотелот Холидеј Ин, Ф.Р. се приближил од позади грб до повозрасна жена и со употреба на сила и го одзел паричникот кој го држела во рака, по што побегнал од местото. Со помош на двајца граѓани, сведоци на настанот, Ф.Р. бил лоциран, лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар.
Со него истиот ден бил извршен разговор и било констатирано дека тој е осуденик во казнено-поправната установа „Идризово“, кој бил пуштен на тридневно отсуство. Со наредба од Јавен обвинител, Ф.Р. бил вратен во казнено-поправната установа „Идризово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст