| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на Долно Блаце: Пред да им направат контрола на возилото, скопјанец се дал во бегство кон Косово

 

Вчера околу 19.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, поради постоење основи на сомнение за недозволена трговија со наркотични средства, на излез од Р. Македонија било сопрено патничко возило “Фолксваген Пасат“ со косовски национални ознаки.

Во моментот кога возилото било одвоено за контрола, од него излегол совозачот и се дал во бегство во правец на влезот кон Косово. При обид да биде фатен, му испаднале мобилен телефон, македонска лична карта на име Ј.Б. (21) од с.Блаце – скопско и едно мала најлонска паковка во која имало бела прашкаста материја.

На местото на настанот во возилото останал возачот С.Х. (28) од Косово кој бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top