| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан турист го промашил својот хотел и завршил на врв на Алпите

Турист од Естонија многу се напил во текот на една вечер за време на неговиот престој на италијанските Алпи, па наместо да се врати во својот хотел завршил на врвот на планината.

Естонецот Павел (30) по пијаната ноќ се упатил кон својот хотел, но по тој пат свртел во погрешна насока. Така, тој завршил во близина на врвот на планината, некаде меѓу 2 и 3 часот наутро.

Додека се искачувал кон врвот, го забележал ресторанот „Игло“, кој се наоѓал на околу 2.400 метри надморска височина. Притоа, тој насила влегол во објектот и таму ја минал ноќта. Утрото, персоналот на ресторанот го пронашол со испиени две шишиња вода, кои биле покрај него.

Полицијата организирала потрага по туристот, во која биле вклучени и беспилотни летала, а откако го пронашле му била изречена казна за провала во објект, но, сепак, тој нема да биде осуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top