| четврток, 6 декември 2018 |

Порака до Самка: Не ние, ти си „вагабонд“ кој продавал бугарска сол како тузланска додека бил министер!

По вчерашните навреди кои Самка Ибраимоски ги испрати од Собраниската говорница (кога не гледаше фудбал на лаптопот) до навивачката група „Војводи“ од Тетово, нарекувајќи ги „вагабонди“, денес доби и одговор


„Почитувани Тетовчани и почитувани навивачи, симпатизери и членови на навивачката група Војводи,

Навивачката група Војводи Тетово како една од најголемите навивачки групи во Македонија е згрозена од малограѓанските и воедно невистинити изјави на пратеникот Самка Ибраимовски изнесени на ден 11.04.2018 година од собраниската говорница. Додека пратеникот Самка даваше реплика на свој колега изјави дека истиот бил “вагабонт” со војводите”. Со самата изјава фрли негативно светло на целата навивачка група и на сите симпатизери на спортскиот клуб Тетекс.

Господине Самка дозволете да ви помогнеме зошто гледаме дека сте “ги помешале” брзините и народски кажано не знаете што зборувате. Војводи Тетово е сериозна навивачка група која е мотивација за секој млад човек од нашиот град кој го подржува спортскиот клуб Тетекс. За ваша информација, Војводи Тетово никогаш не настапила спротивно на законите на РМ, и секогаш преставувала пример за младите тетовчани. Војводи Тетово во своите 30 години постоење била активна за време на разни влади, пратеници, министри, и секогаш успеала да го бодри фудбалскиот клуб Тетекс и репрезентацијата на РМ. Ние како група помагаме во создавање на активни граѓани кои го негуваат спортот во Тетово и љубовта кон Македонија.

Но доста за нас, ајде малце да видиме кое е вашето минато. Како “успешен бизнисмен” за вас се врзуваат доста афери и судски процеси. Нели е малку иронично човек кој бил осуден на казна затвор од 6 месеци или 1 година условно да кажува кој е “багабонд”? Нели именката “вагабонт” би ви стоела подобро на вас, “успешниот бизнисмен” кој продавал бугарска сол како тузланска додека бевте заменик министер за труд и социјала? Господине Самка, како “успешен бизнисмен”, пратеник и министер вие немате апсолутно ништо направено за нашиот град освен сопствено богатење и ситуирање на вашата фамилија. Да се наречете “успешен бизнисмен” не само што е лага, туку и чиста измислица. Вие сте човек кој ни на избори немаше доволно доверба да се кандидира во соопствениот град, па “избегавте” во изборна единица 5. Па затоа не не ни чуди што кукавички се криете зад собраниската говорница додека искажувате навреди и невистини кон вашите сограѓани.

Господине Самка би ви препрорачале ЈАВНО да се извините за навредите изнесени кон навивачката група Војводи или би ве повикале да престанете да бидете кукавица и истите да ги изнесете надвор од Собранието па да можеме да се видиме на вашето често посетувано место, Основниот Суд Тетово и да докажеме кој е во право.

За крај, Господине Самка, добро ве знаеме во Тетово и затоа пријателски ви порачуваме прво погледнете си во свој двор па потоа во дворот на комшиите.

Со почит
Војводи Тетово.“ – пишуваат од навивачката група на ФБ.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=165210737642721&id=164815577682237

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top