Фејсбук ве следи дури и ако немате профил на оваа мрежа, откри основачот на компанијата Марк Закерберг на вториот ден од сослушувањето во американскиот конгрес.
Фејсбук прави „фантомски профили“ за луѓето кои никогаш немале профил на социјалната мрежа, но би можеле да направат во иднина.
Преку пристапување до контактите, мејл адресите, телефоните и листите на пријатели на корисниците има пристап и до луѓето кои немаат профил на социјалната мрежа, па креира фиктивни профили кои се базирани на добиените информации од постоечките корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.