| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Савески: Шарената револуција е предадена

Здравко Савески, граѓанскиот активист, член на Левица и еден од најборбените учесници во протестите низ изминатите години, смета дека Шарената револуција покрената пред две години сега е изневерена бидејќи многу од тогашните заложби не се реализирани.

Исто така тој забележува што многу од граѓанските активисти сега седнаа во владините фотелји.

– Шарената револуција е предадена и изневерена. Но, колку и да е оправдано плукањето по оние што заќутеа штом седнаа на фотелјите, треба да се постави и прашањето: при толкава слепотија на толкав број луѓе дека СДСМ се нема променето и дека т.н. граѓански активисти работат во дослух со нив – па како е можно да се очекува дека Шарената револуција нема да биде предадена и изневерена?, прашува Савески на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top