В петок, 13 април, во галеријата на Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот ќе се отвори изложбата „Времиња“ на Никоја Пијанматов.
На самостојната изложба на сликарот Пијанманов ќе бидат изложени триесетина слики. Изложбата насловена како „Времиња“ прави пресек или неизбежен допир помеѓу годишните циклусни времиња видени низ перспективата на пејзажот и историските човечки појави, кои се повторуваат како сон во кој личноста е историски отуѓена од целината, од природата. Тоа е една Бројгеловска визија со следењето на годишните етапи во пејзажот или поточно поетика блиска на тишината во сликите на Каспар Давид Фридрих, каде што осаменоста е осмислена еднаш засекогаш преку присуството на чудесните шуми, езера, облаци и полиња. Дрвото е центар во овој интимен свет на пејзажот и преку него се откриваат промените што следат во есента, зимата или пролетта. Кај човечките фигури пак и портретите, времињата не можат да ги променат судбините на ликовите и нивните трагедии и слабости се повторуваат бесконечно. Во некои од пејзажите, тивко и речиси неприметливо се случуваат големите човечки драми, христовите страдања. Но фигурите тука се впиени во пејзажот, речиси стопени во тешките модри облаци, кои ги растопуваат формите. Историското значење на еден паднат есенски лист се изедначило со големите човечки падови во историјата. Во сликите се открива целоста на нештата, или како што мислата на Толстој, која стои во каталогот, тоа го открива преку еден суптилен крик на човек, кој лежи пред умирање: „И како само сум можел досега да не ги видам овие облаци?!“
Уметникот Владимир Георгиевски запиша еднаш за неговите слики: „Низ линијата и површината, низ таинствените капки на бојата, капнати од четката, низ светлината и темнината, сликарството што имав можност да го видам, го доживувам како громогласна тишина. Јасна е определбата на сликарот – пред недофатливата убавина на природата со вознес да затрепери структурата на внатрешната визија и во неа трагичната, отсутна присутност на човекот!“
Ова е седма самостојна изложба на ликовниот уметник Никола Пијанманов. Ќе ја отвори Горјан Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст