Индијанскиот хороскоп е еден од најстарите. Како и стандардните и Индијанскиот хороскоп има 12 знака. Според него, секој од нас има свое животно кое е негов заштитник. Ако сакате да го знаете духот на животното кое ве штити, најдете го датумот кога сте родени и проверете што индијанскиот тотем ќе открие за вас. Веруваме дека ќе бидете изненадени колку е прецизен во откривање делови од вашиот карактер.
Гуска (22 декември о 21 јануари)
Снежните гуски се мирни и во склад со природата остануваат верни на себе. Тие се морални и решителни, на нив најважна работа е доверба и верност. Можат да поднесат болка, а на нивното лице останува насмевката се додека имаат вистинска љубов покрај себе.
Видра (22 јануари – 18 февруари)
Видрите се родени хуманитарци. Тие се топли, љубезни и милостиви. неможат да поднесат луѓе кои страдаат и се би сториле за да помогнат. Со својата милост можат да го променат нечии живот и да ја наведе личноста да се вљубат во неа.
Волк (19 февруари – 20 март)
Потполно независни и со храбро срце. Волците се меѓу најверни, доверливи и најгрижливи луѓе. Тие се интелегентни, но и дрчни. Или целосно ќе ви веруваат или вашето мислење целосно ќе го отфрлат бидејќи за нив нема пола пола. Или се или ништо.
Сокол (21 март – 19 април)
Соколите се футуристи кои секогаш ја гледаат широко сликата. Имаат отворено поимање за животот и тешко дека некого ќе го осудуваат поради сфаќања, изглед и слично. Тие го живеат својот живот слободно и многу се заштитнички настроени спрема оние кои ги сакаат. Тие секогаш летат високо, а со нив ќе ги поведат и оние кои навистина ги сакаат.
Дабар (20 април – 20 мај)
Дабарите по природа се фантазери и вредни. Тие сакаат да градат работи, било да е кариера или туѓи скршени животи. Емпатични се и нежни, но умеат да бидат насилни ако им се заканува опасност. Често си поставуваат нови цели и принципи и сакаат да бидат креативни во животот.
Елен (21 мај – 20 јуни)
Родените во знак на елен се интровертни и затворени. Тивки се и се држат на страна во друштво. Сепак со луѓе кои им се блиски потполно се забавни и мили. Сакаат да бидат сами, а природата им е втор дом.
Клукајдрвче (21 јуни – 21 јули)
Клукајдрвчето е решително, истрајно и полно со енергија. Тие ја маркираат својата цел се додека не постигнат успех. Нивната енергија е заразна и умеат да мотивираат други. Тие не гледаат ништо освен својата цел кога сакаат своите сништа да ги претворат во реалност.
Лосос (22 јули – 22 август)
Луѓето со овој знак пливаат и покрај силните струи. Родени се како бунтовници против светот. Светот го гледаат поинаку од останатите и рушат трендови. Тие не се конформисти, тврдоглави и со исклучителен начин на кој живеат, работат и сакаат.
Мечка (23 август – 22 септември)
Луѓе во знакот на мечка се лојални и страствени. Заштитнички се настроени, но не и посесивни. Нежни се кон оние кои ги пуштаат во својот живот, но умеат и да ги растргаат на парчиња оние кои ќе ги повредат нивните сакани. Иако се смирени и топли, умеат да им направат пекол на оние ќе се побунат против нивниот авторитет.
Гавран (23 септември – 22 октомври)
Тивки, внимателни и таинствени по природа, можат да бидат многу драги, но нивните погледи на светот често се мрачни. Не сакаат да повредат други, но нивната комплексна личност не е за секого. Мистериозни се по природа, често и затворени додека не сретнат некој редок и посебен како што се самите тие.
Змија (23 октомври – 21 ноември)
Змиите се многу инстинктивни и мистериозни по природа. Емпатични се, но нивните чуства се цврсто заклучени. Умеат да се стават во туѓа кожа и да го гледат светот со туѓи очи. Тие се меѓу ретките кои повеќе сакаат ве сфатат отколку да ве критикуваат. Тие се вистински богатство за овој свет.
Був (22 ноември – 21 декември)
Бувовите се меѓу најмудрите, наталентираните луѓе кои можеме да ги сретнеме. Умеат да ја искористат секоја шанса која ќе им дојде и да го извлечат најдобро од неа. Таму каде што други гледаат мрак, тие секогаш гледаат нова шанса.
извор: hvesnik.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


