| четврток, 6 декември 2018 |

Мирка за неверството на Вујадин: Не беше во војска, па морал да вежба

Српската актерка Мирка Васиљевиќ, која е во брак со синот на познатиот фудбалер Дуле Савиќ, Вујaдин Савиќ пред извесно време преживеала пекол. Иако Мирка и фудбалерот Вујадин важат за симпатичен естраден пар, кој за кратко време и на многу млади години има три деца, поминале низ период кој требало да го пребродат со многу напор.
Пеколот започнал кога испливале фотографии од фудбалерот и друга жена. Иако аферата била во 2014 година кога актерката била во седмиот месец од бременоста со второто дете, актерката дури денес собрала сила отворено да зборува за тоа.
-Боже мој, вежбале. На таа тема не сум сакала многу да зборувам. Точно, тој е на фотографиите, ама ништо страшно. Не беше во војска, па мораше некаде да вежба, вели Мирка за фотографиите на кои се гледа кдека Вујадин има секс со друга жена.


– И јас сум од крв и месо. Глупо ќе биде да речам дека не ме допре сето тоа, завршува Мирка во Амиџи шоу.

Во екот на аферата Мирка кратко коментирала дека знаела дека Вујадин вечерта е излезен во кафеана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top