Во трилер завршницата на синоќешниот натпревар од Лигата на Шампионите помеѓу Реал М. и Јувентус (1-3), капитенот на „кралевите“ не можеше да се воздржи, па иако беше суспендиран заради акумулирани жолти картони, од трибините се симна во тунелот од каде ги проследи последните инфарктни минути.
Сепак, информациите кои пристигнуваат од Шпанија велат дека дефанзивецот на „кралскиот клуб“ доста скапо ќе го плати својот „излет“. Рамос речиси сигурно ќе биде санкциониран за овој потег и ќе заработи дополнителна казна од УЕФА, што во превод ќе значи дека ќе го пропушти првото полуфинале во најелитното натпреварување.
Рамос влетал на теренот, или поточно крај аут линијата при прославувањето на голот на Роналдо, нешто што е против правилата на УЕФА кога се во прашање фудбалерите кои одработуваат суспензија во европските натпреварувања. Освен ова, од повторените снимки се гледа дека Рамос влезе во вербална пресметка со Масимилијано Алегри откако беше досуден пеналот врз Лукас Васкез, а сето ова било запишано во бележникот на судијата Мајкл Оливер, што е прв и најважен предуслов Рамос да заработи дополнителна казна од УЕФА за суспензија во првото полуфинале во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст