| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на светот доаѓа на 23 април – причината неверојатна

Крајот на светот, убедени се теоретичарите на заговори, е на десетина дена од нас, т.е. ќе се случи на 23 април кога на небото ќе се појави хипотетичката планета Нибиру.

Појавата на оваа планета го симбоизира издигнувањето на Антихристот и седум години неволја, велат пророците.

Стручњаците досег ги отфрлале теориите на заговор поради недосток на докази, но едно е заедничко на ваквите теории, а се согласуваат и стручњаците – тие секогаш се јавуваат кога светот е во реална опасност (од војна).

Што пишува во пророштвото:
„На 23 април Сонцето, Месечината и Јупитер ќе се совпаднат со соѕвездието Девица. Таа ноќ мистериозно ќе се појави планетата Нибиру, која со себе ќе донесе рета светска војна, издигнување на Антихристот и 7 години неволја“.

НАСА повеќепати досега соопштила дека планетата Нибиру не постои.

Планетата Нибиру или планета Х е хипотетичка планета која се наоѓа на крајот на нашиот Сончев систем.

Според теориите на заговор токму гравитациското влијание на оваа планета ги прекинало орбитите на планетите стотици години претходно. Следниот проблематичен упад во Сончевиот систем би можел а се случи во секој момент.

Наводно, лошите ефекти од постоењето на Нибиру сме ги почувстввуале во 1996 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top