| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Рочиштата ги закажуваат секогаш кога се преговара за името

Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното судско рочиште за „Титаник“ рече дека рочишта секогаш има кога се преговара за името со Грција.

И денеска како што можевте да забележите на електронските агрегати тема број еден е „Титаник“, а тема број два е името. Минатиот пат кога имавме рочиште за „Титаник“, имаше преговори за името во Виена, денеска има преговори во Охрид. Па, сега вие заклучете што е една од главните цели на овој процес, изјави Груевски денеска пред новиот Кривичен суд каде се одржуваше рочиштето за предметот „Титаник“ во кој покрај него се обвинети уште 20 лица за десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.

На новинарско прашање дали од сите случаи ќе бараат изземање на судите, Груевски рече дека се што прават е согласно препораките на адвокатите.

На новинарско прашање во врска синоќешното експозето на премиерот Зоран Заев во Собранието, во кое спомена дека затекнале „финасиско цунами“ во државата, Груевски одговори дека СДСМ откако е дојдена на власт за своето неработење и безидејност се „вади“ на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа време ќе помине. Ништо не сме оставиле што е надвор од едно логично, нормално и тековно работење, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top