Едно мало девојче од Брач утрово било многу нестрпливо да се роди, па не причекало хеликоптерот од островот Брач во хрватски Јадран да слета во Сплит.
Мајката се породила пред слетувањето, а на среќниот момент сведочеле тричлената посада на Ескадрилата на транспортни хеликоптери.
Капетанот по слетувањето вели дека се се одвивало многу брзо со оглед на фактот дека летот од Брач до Сплит трае само десет минути.
– Се помина без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за летачката посада беше најдобро завршување на дежурството. Прекрасно е чувството и ќе го памтиме цел живот. Тоа е она што ја прави убавината на летањето и овој повик, затоа што освен хумани мисии за спасување човечки животи во прилика сме и да посведочиме и на раѓање на еден нов живот – вели капетанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст