| четврток, 6 декември 2018 |

Светска премиера на „Distant Sky” Nick Cave & The Bad Seeds

На 12 април, четврток, со почеток од 20 часот, кино „Фросина“ и Младинскиот културен центар ќе бидат дел од светската премиера на концертниот филм „Distant Sky” – Nick Cave & The Bad Seeds во живо, во режија на Давид Бернард. Фантастичното доживување со концертот снимен во „Royal arena”, Копенхаген, во октомври 2017, истовремено ќе биде прикажан во 500 кино сали низ светот.

По три години, бендот се појавува на сцената со неверојатен настап, од кој публиката е полудена, критичарите воодушевени, музичарите зинати… Светските медиуми овој настан го опишаа како „Триумфален настап“, „ Неверојатен одговор на незамисливото“, „Неверојатно интимна врска со публиката“; заклучувајќи дека фановите ќе се „испостепаат“ за да го погледнат ова незаборавно издание на Nick Cave & The Bad Seeds.

Концертот во Копенхаген е дел од минатогодишната турнеја, почната во јануари во Австралија, преку САД, до Европа, на која бендот го претставува својот последен албум, “Skeleton tree”. Се разбира, не ги забораваат омилените песни на публиката. Ѝ свират сѐ, ја носат до екстаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top