| четврток, 6 декември 2018 |

Старец удрен од автомобил кај „Чешма“, возачот побегнал

Вчера во 21.15 часот од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје пријавиле дека кај нив на преглед се јавил Ж.Т. (85) од Скопје. Тој изјавил дека околу 13 часот на бул. „Борис Трајковски“, кај место викано „Чешма“, бил удрен од непознато патничко возило додека управувал мопед со скопски регистарски ознаки.

Веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото.

Во незгодата Ж.Т. се стекнал со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top