| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, возач со „застава“ излетал во нива

Вчера во 12.20 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, Ф.У. (51) од с. Зајас, кичевско, управувајќи патничко возило „Застава Темпо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал во нива.

Тој се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top