| четврток, 6 декември 2018 |

Циркуз во хрватското Собрание – пратеник извадил штикли и танга на говорница (Видео)

Собранискиот пратеник Жељко Гласновиќ од партијата „Независни за Хрватска“, на говорница ги изнел случувањата на Блискиот исток, но набрзо потоа преминал на Истанбулската конвенција и употребувајќи одредени реквизити ги изненадил присутните.

-Бидејќи главна тема денеска е Истанбулската конвенција, имам некои подароци за нашата коалиција овде, рекол Гласновиќ, па од црна ќеса извадил балетанки. Нив ги наменил за пратеникот Бојан Главишевиќ „доколку не е сигурен во својот пол“.

-Имам подароци, за Главашевиќ имам балетанки, за коалицијата ХДЗ/ХНС секси штикли, имам секси тагна за жени заробени во машки тела“, рекол Гласновиќ држејќи во раце женска долна облека, пренесува Јутарњи лист.

Истанбуслката конвенција е колоквијален назив за Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството над жените и насилство во семејството, а донесена е уште во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top