| четврток, 6 декември 2018 |

„Титаник“ денес во Кривичниот суд

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Титаник“, во кој на поранешниот премиер Никола Груевски и на уште 20 лица им се суди за изборни нерегуларности. На минатото рочиште судијата Осман Шабани ги задолжи обвинетите да направат увид во доказите кои СЈО ги има против обвинетите во овој предмет.

Иако одбраната на обвинетите побара подолг временски период за да може да ги разгледа доказите, судијата Шабани не дозволи и нагласи дека во тие десет дена обвинетите постојано ќе можат, без ограничување, да вршат увид.

Во овој предмет СЈО има вкупно 1.068 прислушувани разговори како доказ кои се испишани на 25.000 страници.

Во предметот „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска.

Во овој предмет, кој СЈО го објави прв, и кој заедно со „Таргет-Тврдина” се едни од најголемите предмети на СЈО, обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top