За да не се навреди Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, Македонските власти го покриле 16 кракото сонце од Кутлеш кое се наоѓа на правиатниот угостителски објект “Хотел Престол“ кој се наоѓа на триесетина метри од местото каде што денеска Коѕијас се сретна со неговиот колега Никола Димитров – покажува фотографијата која ја објавија охриѓани на социјалните мрежи.
Охриѓанецот Павел Донески на фејсбук профил остро реагира на ваквиот чин, особено затоа што се работи за објект кој е приватна сопственост.
Понижување на македонски начин, во духот на „дипломатијата на шарм“: Прекриј ги сите знаци кои алудираат на нешто античко македонско, во случајот сонцето од Кутлеш, поставено како симбол/лого на ПРИВАТЕН угостителски објект, само да не му „боде очи“ на драгиот гостин од Грција, кој е сместен отспротива, на нецели 30 метри.
Солидна подлога за „прогрес во преговорите“. Следен, „логичен“ чекор би бил со коректор да се избрише македонска од салата, бидејќи е премногу иредентистички да се гледа, а камоли да се јаде… – пишува Донески, објавувајќи ја фотографијата.
Истото се случи и при посетата на Скопје пред нецел месец. Тогаш Македонија ѝ дозволи на Грција со бел чаршаф да ни го прикрие името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


