
Со 40 гласа за, а 62 против и двајца воздржани пратениците ѝ изгласаа доверба на владата предводена од премиерот Зоран Заев. На 42 седница, на која единствена точка на дневниот ред беше изгласување недоверба на Владата, присустввуале 107 пратеници.
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не успеа да обезбеди 61 глас, колку што се потребни за да се изгласа недоверба на Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатираше дека по целодневна расправа, Собранието не ѝ изгласа недоверба на Владата.
Барањето за гласање го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако првично беше потпишано од 41 пратеник, на барањето се потпишал и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, со што до Собранието беше доставено со 42 потписи.
Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците. Во интерпелацијата, исто така, е наведено дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.
Интерепелацијата беше прв чекор што го презеде ВМРО-ДПМНЕ, кога партијата одлучи да се врати во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


