Екс премиерот Никола Груевски присигна на денешната седница за интерпелација на Владата при што своите главни критики ги упати за новата економска политика со која нема никакви видливи резултати, ниту пак нови странски инвестиции. Тој истакна дека е срамота новата влада да се фали со странски инвестиции кои сега ги нема, а и тие што биле договорени од страна на претходната влада не се реализирани.
Тој вели дека како премиер со владата на ВМРО-ДПМНЕ придонеле многу за домашните компании со повеќе проекти како регулаторната гилотина со што се намалиле административните трошоци и непотребните процедури во институциите.
– Денот по утрото се познава како ќе работи оваа влада. Се виде уште лани кога со странична интервенција се создаде оваа коалиција. А уште повеќе кршејќи го уставот, законот и деловникот се изгласа, насила преку еден чин кој наликува на државен удар се назначи т.н. претседател на Собранието, рече пратеникот Никола Груевски на денешното обраќање во Собранието по повод гласање недоверба на владата на СДСМ.
Тој додаде дека оваа влада има најнизок раст во Европа, и наместо со нови конкретни иницијативи се занимава со маргинални прашања.
Граѓаните од вас очекуваат нови работни места, нови фабрики, нови инвестиции, нови шанси и можности за да останат и да живеат тука, а не за да им се докажувате дека не патувате да носите странски инвестиции и со тоа штедите, кажа Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ создаде бизнис клима како најдобрите 10 држави во светот, што го потврди и Светска Банка, рангирајќи ја Македонија, од претходното 94 место на 10 место во Светот и 5 во Европа. Создадовме услови македонските компании да се поконкурентни и на тој начин поуспешни, што се гледа и од индексот за конкурентност на Давос но и од бројот на нови работни места, додаде тој.
Според него оваа влада е посветена исклучиво само на прашањето за промена на името на државата поради спуштени преговарачки позиции како никогаш досега.
Скандал е кога во сред преговори за името од страна на владата потпретседателот на владата ќе ја продаде својата приватна компанија на Грчкото електростопанство и притоа ќе даде изјава дека за него е прифатлива секоја придавка и Горна и Северна и Нова Македонија, истакна Груевски.
Груевски додаде дека исто така скандалозно е што оваа влада потпишала договор со Бугарија каде што трите спорни точки се прифатиле, од кои едната била промена во учебниците по историја што значи да се промени историјата на целата држава. Тој потенцираше дека не е проблем да се разговара за името за да се најде решение, тоа го правеле сите влади во минатото, но да се разговара на начин каде што ќе се доведеме во ситуација да молиме за тоа како ќе се викаме по дома тоа претставувало дно.
Скандал е денешното обраќање на г-ѓа Шекеринска со кое таа дава наредба на партискиот суд, колку требало да не осуди нас како нејзини политички противници. Јас разбирам фрустрацијата од историски најголемиот пораз на СДСМ од 2008 е голем. Но скандал е кога од говорницата на Парламент се врши јавен притисок врз судството од страна на владата, вели Груевски.
Груевски целата работа на оваа влада ја опиша како големо понижување и разочарување на сите граѓани во Македонија. Тој истакна дека исто така катастрофални се политиките кои ги спроведува СДСМ во земјоделието, здравството, образованието полицијата а за кои до сега никој не сносел последици од хаосот што го создале.
Ова е трчи-лажи влада која секому му ветуваше што сака да слушне. Влада која верува и се надева дека на следните избори меѓународната заедница ќе им легализира нов изборен криминал затоа што ќе ги продадат нашите национални интереси и не се свесни дека ќе доживеат сериозен дебакал кои ќе го остават СДСМ во нови 10 години во опозиција, додаде Груевски.
Конечно сакам да му препорачам на Зоран Заев навреме да си се повлече од политиката, пред штетите да се преголеми, дециден беше Груевски.
На крајот во своето обраќање Груевски кажува дека Македонија треба и мора да влезе во ЕУ и НАТО, таму е нашето место, но не протуркана на инвалидска количка и не со скршена кичма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст