Фудбалерите на Реал Мадрид во последната минута од судиското продолжение обезбедија полу-финале во Лигата на Шампионите и успеаја да извлечат 1-3 на домашен терен против Јувентус кој беше на секунди од продолженија. По првиот меч кој Реал М. го доби со високи 0-3 во Торино, италијанскиот шампион успеја да ја надокнади негативата, но пеналот над Лукас Васкез кој го реализираше Роналдо ги исфрли од елитното натпреварување.
Јувентус по 60 минути имаше 0-3 со двата гола на Манџукиќ и еден на Матиуди, но не успеја да го задржат резултатот кој ги носеше во продолженија. По еден груб старт на Бенатија над младиот Васкез, судијата во последните моменти од мечот покажа на белата точка, од каде реализираше Кристијано Роналдо.
Вечерва освен Реал М. место во полуфиналето во Лигата на Шампионите обезбеди и Баерн Минхен, кој со Рома и Ливерпул ја комплетираа четворката која годинава ќе се бори за престижната титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст