| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално нападнато семејство во скопски Таор: Амнестиран криминалец близок до власта ми го тероризира семејството (видео)

– Не знам како е можно да се амнестираат свирепи криминалци кои се шетаат по улица и тероризираат, вака го почнува своето потресно сведоштво за теророт врз нејзиното семејство скопјанката Наташа Павловска за Лидер.мк.

Банална расправија околу скршена саксија предизвикала инцидент во понеделникот во скопското село Таор. Лице кое било амнестирано и пуштено од затвор ја нападнало Наташа Павловска заедно со нејзиниот брат кој бил претепан и со тешки телесни повреди завршил во болница.

Човекот кој ги нападнал се вика Александар Димовски со прекар Пампур, а како што раскажува таа, во моментов се случува местенка за во полиција да биде прикажано дека всушност таа и брат и биле напаѓачите.

– На мојот брат му беше скршен вратот, му беше пукната аркадата и му беа искршени заби. Полицијата не презема ништо, ние сме тероризирани, целата фамилија, мојот постар брат, мајка ми, снаата и три-месечното бебе. Братот на Пампур, Валентин со секира ги држеше во заложништво моите родители. Кога дошла полицијата не го привела, иако тој со секира држеше луѓе во заложништво, раскажала Павловска за порталот.

Таа вели дека лицето кое го териризира нејзиното семејство е всушност со конекции со власта и затоа никој не му може ништо.

– Тој е амнестиран, пуштен е на слобода и како што кажува самиот близок е со власта. Поради него моите родители се плашат во куќата да си одат, не живеат во својот дом. Се прашуваме зошто полицијата ги штити овие луѓе? Тие се во игра со полицијата и оваа власт, тоа е очигледно. Претходно тој немаше ваква сила. Мене ме убедуваа дека го однеле во Идризово но тој пак се шета на слобода, вели Павловска.

Таа додава дека овие лица правеле и лажни извештаи од лекар за да прикажат дека наводно нивниот татко бил нападнат од нејзиниот татко. Но како што таа вели всушност „се поткупувале лекари“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top