Салатата која во саботата ја јаделе во велешкиот хотел била причина за труењето на фудбалерите на Пелистер. Во неа се најдени бактерии од фекално потекло, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
– Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна (салати од морков, зелка и цвекло) има присуство на бактерии од фекално потекло – индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес, велат од АХВ.
Кај седум вработени во кујната и ресторанот биле пронајдени бактерии во нос и во грло. Сепак, директорот на агенцијата за храна и ветеринарство објаснува дека тоа не е причината за труењето. Тој проблемот го лоцира во бактеријата пронајдена во салатата, која најверојатно не била добро измиена во кујната.
– Во примарното производство, или производството на нива или е наводнувано, така е дојдено до фекално загадување на самата храна. Тоа значи дека во самиот хотел не се доволно измиени салатите кои ги употребувале, а не е од вработените. Заради предострожност, сите се упатени на лекување, изјави Зоран Атанасов од АХВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст