| четврток, 6 декември 2018 |

Љубе Бошковски стана посебен советник на Заев, ќе зема плата од 50 000 денари

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски и официјално влезе во кабинетот на премиерот Заев како посебен советник за странски инвестиции. Од владата велат дека од сите пријавени на огласот за посебни советници во кој се бараше диплома од правните науки, активно познавање на англиски јазик и 5 години искуство во струката, Бошковски бил единствениот кој ги исполнил сите услови. Неговата плата ќе изнесува 50 000 денари.

На огласот што владата го објави во март се бараа уште 4 посебни советници на премиерот. Од денеска на функција стапуваат и Фидан Колев како посебен советник за транспорт и врски, Рубин Земон како посебен советник за мултикултурно општество, Фатмир Битиќи како посебен советник за спроведување на Рамковниот договор, и Ѓорѓи Тасев советник за млади и спорт.

Позицијата посебен советник е врзана со мандатот на премиерот односно трае до истекот на неговиот мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top