| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој го одгледале волци проговори за животот помеѓу луѓето (Видео)

Шпанецот Маркос Родигез Пантоја во 1965 година бил пронајден во пештера во која полни 12 години живеел со глутница волци.

Неговиот живот во дивината почнал кога бил мал, по смртта на неговата мајка. Татко му го напуштил, продавајќи го на еден фармер кој живеел во планините Сјера морена. Фармерот, не долго потоа,починал, па Маркос, како што вели, се повлекол во дивина. Проценува дека тогаш имал околу шест или седум години.

Припадниците на шпанската Цивилна гарда го пронашле кога имал 19 години и повторно го вратиле меѓу луѓето. И тогаш се сменило се.
За неговиот живот, од тогаш до денес, настанале бројни книги, филмови, антрополошки студии и еден краток документарец кој го снимил Би-Би-Си.

Маркос денес има 72 години и живее во малото село Рантем, сместено во областа Оренсе во Галиција. Но наспроти тоа што повеќе од 50 години живее помеѓу луѓето, често признава дека последните сеќавања на среќен живот му се поврзани за волците.

Во разговорот за шпанскиот дневник Паис, Маркос открива дека денес се чувствува измамено и злоупотребено од страна на луѓето, и дека работодавачите од градежната и угостителската индустрија го експлоатираат, пишува Индипендент.

-Мислам дека ми се смеат затоа што не се разбирам во политиката и фудбалот“, вели тој. Иако чувствува дека никогаш не бил способен потполно да се прилагоди на животот помеѓу луѓето, неговите соседи го прифаќаат како нивен.

Со оглед дека пораснал разочаран од начинот на кој луѓето живеат, Маркос признава дека се обидел да се врати во планините но и дека волците повеќе не го препознаваат како еден од нив.

-Можам да почувствувам дека се тука, ги слушам како дишат, а ме лазат и морници…и не ми е повеќе така лесно да ги видам. Тие се волци и ако ги повикам, тие ќе и одговорат, но нема да и се доближат. Мирисам на луѓето, носам колонска вода“, раскажува Маркос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top