На денешната седница за гласање на доверба на владата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова истакна дека министерувањето на Мила Царовска е гол популизам.
-Промената треба да тргне токму од неа, додаде Рангелова.
Рангелова спомена низа на скандали на Царовска и напомена дека таа е позната по многу манипулации и прес конференции, малку работа и немање чист образ и совест.
Според Рангелова најголема причина зошто Царовска треба да си даде оставка е ужасот кој се случи во Домот за штитеници „25 Мај“.
-За жал Mила Царовска и нејзиното владеење им ја одзема насмевката на 3 девојчиња од домот „25 Мај“. Денес треба да си одите бидејќи дозволивте три девојчиња од „25 Мај“ да бидат силувани, вели таа.
Пратеничката забележа дека народните кујни не работат бидејќи немало назначено лице ја јавни набавки.
-Во кампања ветивте дека два пати ќе ги зголемувате пензиите и уште еднаш вонредно пред крајот на годината. Покачување на пензијата нема, истакна таа.
Рангелова забележа и дека оние кои земаат минимална плата ги враќаат парите кои ги земаат на сопствениците, а во некои фабрики се прават списоци за еднаш во денот жените да можат да ги исполнат основни физиолошки потреби.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, возврати на обвинувањата и нападите кои до неа ги упати пратеничката Рангелова.
-Да не зборувам за центрите и институциите кои под ваше раководство и под ваша палка не само што уништени туку и покрадени. „Ранка Миланова“ престана да постои како јавна установа затоа што директор, поставен од вашиот министер, доби судска пресуда за проневера од 3 милиони евра. Од моментот кога сме седнати во оваа Влада работиме на стратегија за хуманизација на тие институции што вие ја кочевте – рече Царовска.
Додавајќи дека пред аргументите и боговите молчат, Царовска посочи дека просечната пензија е зголемена од 13.000 денари на почетокот на минатата година, на 14.186 денари во април годинава.
-Лицата под Кале, ги оставивте да гнијат под дупката. Ние уште првиот месец ги сместивме во институција која им обезбедува еден оброк дневно и кров над глава. Во Визбегово градиме привремена населба каде што тие семејства ќе се сместат, а децата се обиуваме да ги вклучиме во образование – одговори таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст