„Единствена Македонија“ преку соопштение упати остра критика до министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која наводно остварила тајна средба со амбасадорот Џес Бејли, кому му покажала подготвеност да ги префрли македонските војници од Авганистан во Сирија за потребите на САД во војна против Русија.
„Станува збор за 44 лица на АРМ кои во рамките на операцијата предводена од НАТО „Одлучна подршка„ во моментот се наоѓаат во Авганистан. Единствена Македонија ја прашува Шеќеринска дали е свесна во каква опасна авантура влегува со испраќањето на македонски војници да послужат како топовско месо против Русија во новата светска војна која ја спрема САД. За Единствена Македонија е познато дека Шеќеринска и останатите од партијата „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат жестоко казнети од своите странски господари доколку не ги исполнуваат задачите против Македонија и Македонците откако претходно се веќе корумпирани и купени токму од овие странски ментори“, соопшти партијата на Јанко Бачев.
Тие додаваат дека ништо не може да оправда војување на македонски војници против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст