Доколку се возите со автопатот кој поминува покрај холандското селото Јелсум, немојте да се изненадите кога ќе слушнете како патот свири мелодија.
Новитетот, осмислен како начин патувањето низ монотоната рамница да се направи пожив на тој начин што на патот се поставени попречни прагови, се повеќе предизвикува противење меѓу локалните жители кои изјавуваат дека константното одѕвонување на истата мелодија ги полудува, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Мелодијата настанува кога автомобилските тркала преминуваат преку праговите предизвикувајќи тактилни вибрации. Кога возилото се движи со дозволена брзина од 60 километри на час – патот беспрекорно ја свири химната на покраината Фризија – северниот регион на Холандија кој има посебен јазик и култура.
Меѓутоа, мелодијата е толку гласна и со оглед на тоа што звукот патува низ воздухот, локалните жители изјавуваат дека музичкиот пат направил бескрајна какофонија, која ги држи будни по цела ноќ.
„Минатата сабота со такси возеа од Леуварден до Стиенс и назад настојувајќи да преминат преку праговите што е можно побрзо, па така цела ноќ ја слушавме химната во забрзана верзија“ – изјавила Риа Јансма, жителка на Јелсум.
Властите на Фризија се согласиле да ги отстранат праговите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст