| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: пресудата е скандалозна

Поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски, кој денеска беше осуден на казна затвор од три години за случајот „Тенковски делови“, пресудата ја оцени како скандалозна.

– Судскиот процес се води шест години и продолжува тенденцијата за додворување на судиите на авторитетите. Одлуката е скандалозна. Нема ниту еден доказ против мене. Апелациониот суд даде насоки за ослободителна пресуда, меѓутоа судијката очигледно немаше храброст – додаде Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top