| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство жедно за крв: Дедото и тетката на 20 – годишниот Давид исто така имале извршено убиства

Во понеделникот, во загрепскиот Жупански суд, дваесет годишниот Давид Комшиќ беше осуден на 30 години затвор откако минатата година ја убил својата трудна девојка Кристина Крупљан со 88 убоди со нож. Неговиот татко по изреченната пресуда викал кон судијата дека момчето е неправедно осудено, но за многумина во Хрватска казната е сосема оправдана.

Случајот кој хрватските медиуми го следеа околу 11 месеци доби судска разрешница, а балканксите медиуми пишуваат дека ова не е прв случај член на ова семејство да изврши убиство. Дедото на Давид, од страната на неговиот татко, исто така извршил убиство пред војната во Југославија.

„Проклетството“, пишуваат хрватските медиуми, продолжило на следното колено во фамилијата, кога тетката на Давид, сестра на неговиот татко, извршила двојно убиство пред 15-тина година. Во нејзиниот дом, во се уште неразјаснети околности, таа убила еден нејзини сосед и познаник. Фактот што останувала трудна два пати по ред ги одложувал затвроските казни, за на крајот таа да побегне во Хрватска. Никој во нејзиното родно место не знае дали воопшто ја одлежала затворската казна.

Сега хрватските медиуми за нив пишуваат дека е „семејство жедно за крв, а жален е и фактот што кога биле убиена, трудна била и жртвата на која Давид и пресудил на брутален начин. Момчето исто така  учествувало и во сообраќајна несреќа во 2016 година во која загинал 72-годишниот Јосип Колариќ.

(извор – „Вечерњи лист“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top