| четврток, 6 декември 2018 |

Тунтев: Ова ли е враќање на ВМРО-ДПМНЕ на голема врата?

Оваа интерпелација е големо разочарување, очекував наместо за доверба на влада да дискутираме за реформите кои се спроведуваат, изјави Томислав Тунтев, пратеник од СДСМ, по образложението на опозицијата зошто бара гласање доверба на Владата.

„Ова ли е враќање на голема врата? Ова е само оправдување да се вратите во Собранието. По 4 месеци да дојдеа други пратеници ќе ми беше логично ова образложението за интерпелација, но вие сте истите кои пред 3 години слушнаа како владеела нивната Влада“, рече Тунтев.

Опозицијата денеска се врати во собранието по 4 месеци пауза. Барањето за гласање е поднесено од 42 пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ очекуваат вечерва пред полноќ да биде изгласана недоверба иако се потребни 61 глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top