Деведесет проценти од вкупно 958 луѓе вработени по Рамковен договор, опфатени со првата фаза, веќе ги потпишале решенијата за прераспределба во државните институции. Од Владата очекуваат решенијата да ги потпишат и останатите 10 проценти. Доколку не го сторат тоа наскоро, тие ќе бидат ставени на трансфер листа за втората фаза за кога е предвидена прераспределба на останатите од вкупно 1.600 вработени по овој основ.
Портпаролитена Владата Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, тие се систематизираат во други институции каде според анализата и планот на секретаријатот, правичната застапеност не е на потребното ниво.
На прашањето дали со распределбата на овие вработени завршува процесот на вработување по основ на Рамковниот договор и правичната застапеност, Хоџа посочи дека откако ќе се заврши оваа обврска, ќе има нови огласи за вработувања доколку во одредени инатитуции правичната застапеност не е исполнета.
Планот што претходно е направен покажува дека овие вработени во најголем дел ќе бидат прераспределени во МВР, УЈП, Царината, Клиничката болница во Тетово, Управата за матични книги и Јавното обвинителство. Потоа следат МНР, Катастарот, МОН, ФЗО и Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


