| четврток, 6 декември 2018 |

Турски хеликоптер прелетал над грчки остров – грчката восјка почнала да пука

Турски хеликоптер прелетал ниско над грчкиот остров Ро, на што претставници на грчката војска одговориле со истрели во воздух за да го натераат леталото да се оддалечи.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкото Министерство за одбрана засега официјално не го потврди инцидентот. Сепак, извори од Министерството за грчката телевизија Скај го потврдиле настанот што се случил синоќа во 22.30 часот.

Според информациите во грчките медиуми, хеликоптер, кој и припаѓа на турската крајбрежна служба, летал ниско над островот Ро што се наоѓа во близина на брегот на Турција. Кога грчките граничари слушнале бучава од хеликоптерски мотор во непосредна близина од околу 100-200 метри, веднаш реагирале со истрели со цел да се оддалечи турскиот хеликоптер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top