Во Кино Култура на 12 април (четврток) во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Приказни од Чудновија“ на уметникот Матеј Богдановски.
– Книгата е правена по стриповите КШШЦ, и Патенталија и Тентелина, ова е мојата прва книга за деца, во која низ 17 приказни е претставен еден бајковит свет – вели Богдановски во најавата за настанот.
Промотор на книгата ќе биде академската сликарка и професорка на Ликовната Академија во Штип, Јана Јакимовска.
„Светот на Чудновија почнав да го создавам кога имав 10 или 11 години. Како и сè во детството и ова беше една моја игра и забава која ја искажував низ цртежи и досетки што ги правевеме со брат ми Дамјан. Всушност, овој свет првично е измислен како Хелуинленд. Во почетокот на 90-тите години на минатиот век празникот Хелоуин беше сè уште егзотика кај нас. Запознаен со него преку првите сателитски канали, цртани филмови и видеоигри, целиот амбиент што тој го носеше со себе, со изрезбаните тикви и со наивната стравичност, ликовите на вештерки, вампири, духови, костури и тиквоглавци, беше интересен за нашата возраст, а, ете, за мене дури и инспиративен. Тогаш ги запишав првите верзии на приказните, колку што можев како дете од 11 години. Уште тогаш се појавуваат ликовите господинот Тикван Троглавест, тогаш mr. Pumpkin, и кралот Максимилијан. Подоцна при крајот на средното училиште и откако ги прочитав книгите на Рабле, Гаргантуа и Пантагруел се навратив одново на тој свет и на приказните, овој пат збогатени со нови ликови и со малку подобра нарација. Тогаш Хелоуинленд стана Земја Хелоувнска, демек малку поприспособена за нашите култура и јазик. Запишани во обична школска тетратка без линии, по многу години, овие приказни беа основата за оваа книга. Тука беа запишани приказните за Шумшумиште, Таклабас, Смолено Човече и Ципа Цапа, Крлушт кои, впрочем, во играта ги внесе брат ми, а јас во оваа книга им се навратив повторно и со малку поголема вештина и искуство ги склопив во нови приказни. Овој пат Земјата Хелоуинска претрпе промени и стана Чудновија, како едно заедничко место за сите фантастични суштества, некои измислени од мене, а некои превземени од бајките, фолклорот и митологијата, додека Хелоуинската област стана еден нејзин дел, со тоа правејќи идеално решение за да се оправдаат ликовите како Тикван Троглавест и Максимилијан и останатите тиквоглавци, а сето тоа да добие нов побајковит наратив и нов амбиент.
Размислував дали да ви кажам уште некои работи, но мудриот советодавец и секогаш во право, господин Тикван Троглавест, ми рече дека ова досега е сосем доволно, па затоа тука ќе го завршам овој текст, оваа кратка приказна за приказните“ вели Богдановски во предговорот на книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст