| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Споц, момчето на убиената Адеа со пиштол во раката снимил видео за жена што исчезнува (Видео)

Крис Споц, момчетото на починатата актерка Адеа Шабани снимил видео во кое зборува за жена што исчезнува и сака да ја врати со саможртва. Тој ова видео го објавил на својот канал на Јутјуб, а дали со својот монолог ги навестил случувањата што следуваат се уште не се знае.

Актерката Адеа Шабани, беше пронајдена мртва, закопана во гроб, еден месец по нејзиното исчезнување во САД.

Веста за смртта на Адеа Шaбани, македонската актерка која исчезна во САД сите ги трогна, особено најблиските.

Долго време не се знаеше нејзината судбина, па постоше надеж дека можеби не се случило најлошото се до моментот кога телото и беше идентификувано.

Дека се работи за убиство потврди американската полиција, а за главен осомничен е нејзиниот љубовник Крис Споц. Полицијата не објави се уште дали Крис сам го извршил злостороството.

Крис Споц се самоуби пред да биде пронајдено телото на Шабани во тек на полициската потера. Адеа ШАбани беше погребана во Скопје.

Brif.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top