| четврток, 6 декември 2018 |

Ревизија на Уставот, ерга омнес, јазикот и идентитетот – критични точки во преговорите

Опсегот на употреба на името, односно грчкото барање за ерга омнес и ревизија на македонскиот Устав се неопходните предуслови што ги бара Атина за постигнување решение, додека пак за Скопје јазикот и идентитетот се критичните точки. Овие четири прашања, според текстовите во грчките медиуми од изминатиот период, се главните разлики што постојат во позициите на двете земји во пресрет на новата средба на двајцата министри за надворешни работи, закажана за утре во Охрид.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција, коментираат дека утрешната средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас е особено критична во однос на тоа дали ќе се надминат разликите и ќе има дополнително приближување на ставовите. Она што во Грција често се споменува како позитивен знак е континуираната и јавно изразена волја за решение и од двете страни.

Никос Коѕијас, во Македонија ќе пристигне од Белград, каде што денеска ќе има низа средби, а од Охрид ќе замине за Приштина, во рамките на неговата мини балканска турнеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top